Европскиот парламент побара денеска од Велика Британија веднаш да ја активира клаузулата за напуштање на Унијата, предвидена со Лисабонскиот договор за да се избегне штетната неизвесност и да се заштити интегритетот на Унијата.
Во Резолуцијата усвоена со 395 гласа „за“ и 200 против, европратениците нагласија дека волјата на британскиот народ треба да биде грижливо испочитувана во целост.
Јункер на Фараж: Што барате овде?
Шефот на ЕК, Жан-Клод Јункер, ги запраша пратенците на британската партија УКИП зошто присуствуваат на денешката седница на ЕП, на која се разговара за последиците од одлуката на британските граѓани да ја напуштат Унијата. Во обраќањето пред Парламентот Јункер истакна дека мора да се почитува британската демокрајтија и начинот на кој Британците го изразуваат својот став, што со слаб аплауз го поздравија присутните членови на УКИП.
-Ова е последен пат да аплаудирате овде и донекаде сум изненаден што сте тука. Вие се борите за излез. Британскиот народ гласаше за заминување од Унијата. Што барате овде – продолжи со остар тон Јункер, а потоа го обвини Фараж дека ги лажел Британците дека парите што ги изделува Британија за ЕУ сега ќе бидат вложени во здравството.
Фараж: Живеете во заблуда дека државата ќе ја напушти Унијата
Лидерот на партијата УКИП, Најџел Фараж, му одговори на ЕП дека живее во заблуда. Тој додаде дека најголемиот проблем е во тоа што со „кражба и измама“ е наметната политичката унија.
-Вие како политички проект живеете во заблуда. Вие негирате дека вашиот курс паѓа. Погледнете го само Медитеранот. Она што се случи минатиот четврток е само сеизмички резултат. Ние сега нудиме надеж како светилник на демократиите во Европа. Велика Британија нема да биде последната која ќе ја напушти Унијата.
Тој додаде дека Велика Британија сака да биде самостојна нормална држава.
Манфред Вебер, предводник на групата Европски народни партии, побара од Фараж да им се извини на Британците.
Поранешниот премиер на Белгија го обвини Фараж дека користел нацистичка пропаганда во кампањата за „Брегзит“. На членовите на Парламентот Фараж им рече дека никогаш во животот не направиле нешто како што треба, па на тие што го навредуваа им порача дека тој што последен се смее, најслатко се смее.
-Зар не е смешно тоа? Кога дојдов во овој парламент пред 17 години и реков дека сакам да бидам на чело на кампањата за излез на ВБ од ЕУ, сите ми се смеевте, но сега никој од вас не се смее – истакна Фараж, пренесува АФП.
Тој рече дека ЕУ се самозалажува кога зборува за своите мани и погрешни амбиции за поголемо обединување на Европа, што одбива сѐ повеќе европски гласачи.
-Им наметнавте политичка унија, а кога во 2005 година Холанѓаните и Французите гласаа проитв вас, вие тоа едноставно го ингориравте и го воведовте Лисабонскиот договор на мала врата.
Клучно прашање сега е кога премиерот Дејвид Камерон ќе постапи по членот 50 од тој договор, со кој почнува процесот на излез на земјата од ЕУ.
Фараж се согласува со европските лидери дека преговорите за излез на Велика Британија од ЕУ треба да почнат што поскоро и додаде дека дури и недостигот на договор со Велика Британија е подобро од сегашниот гнил, кој го доби Камерон во февруари.
Пратениците го исвиркаа и гласно негодуваа кога ја повика ЕУ да ѝ овозможи на Велика Британија добар трговски договор кога ќе си замине зашто „работни места во германска автоиндустрија би можеле да настрадаат ако договорот биде неповолен“.
Јункер побара од В. Британија да ја разјасни својата позиција и додаде дека ЕУ и ВБ ќе останат пријатели, но некои работи мора да се разјаснат за да се избегнат некои неизвесности. Тој рече дена нема да се извинува што е тажен поради резултатите на референдумот и додаде дека не е робот, односно сив бирократ.
– Мора да ја разјасниме ситуацијата. Не смее да дојде до тајни преговори – рече Јункер и ги забрани сите неформални средби. Исто така, тој додаде дека попладне ќе се сретне со Камерон за да го замоли да му ја разјасни новонастанатата ситуација за да се скуси периодот на неизвеност и додаде дека преговорите нема да почнат без официјално известување за позицијата на ВБ.
Како што е најавено, Камерон попладнево ќе се сретне и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. За среда е закажан неформален самит на 27 шефови на држави и влади на ЕУ, првпат во тој состав, а на кој ќе се расправа за политичките последици од „Брегзит“.
Топката е во британскиот двор
Холандската министерка за одбрана, Жанин Хенрис-Плашет, изјави дека по „Брегзит“ Британија е на потег и дека политичкиот вакуум нема никому да му донесе добро. Во името на Холандија, како земја-претседавач со ЕУ, изрази длабоко жалење поради резултатот на британскиот референдум и одлуката Британија да ја напушти ЕУ. Отворајќи ја дебатата во ЕП, таа рече дека „Брегзит“ е земјотрес за ЕУ и за Обединетото Кралство – пренесува „Би-Би-Си“. Таа додаде дека никој нема да има корист од „Брегзит“ и дека сега топката е во британскиот двор, а „Брегзит“ треба да послужи како повика за сите.
Мари ле Пен: Зошто се муртите, историјата триумфира
Лидерката на францускиот Национален фронт, Мари ле Пен, рече дека со гласањето за истапување Британците му удриле шлаканица на системот на ЕУ и дека тоа е резултат на љубовта кон својата земја.
– Видете колку е убаво кога триумфира историјата – рече таа во обраќањето. Британците го избраа патот за кој сите мислевме дека засекогаш е затворен и тие ја почувствуваа опасноста од апокалипса.
-Не муртете се. Веќе ги слушам урбаните митови и лаги кои треба да ги обесхрабрат останатите за да не тргнат по истиот пат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јункер напаѓа повторно: Кафен чевел за левата, црн за десната нога (видео)
-
Северноирски политичар: Договорот за Брегзит може да го подели Обединетото Кралство
-
Туск: Да бидеме подготвени дека нема да има договор за Брегзит
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста