| четврток, 6 декември 2018 |

Медел по жестокиот судир: Не грижете се, стативата е во ред

medel

Гари Медел ги освои симпатиите на Чилеанците со својата порака на социјалните мрежи за жестокиот судир со стативата на дуелот против Аргентина. На средината од првото полувреме, Медел загуби една топка и му овозможи на Гонзало Игуиан да се најде осамен пред голманот Клаудио Браво. Напаѓачот биеше многу лошо, топката не одеше во голот, но за секој случај Гари Медел направи лизгачки старт и заврши во стативата.

Популарниот Питбул потоа се огласи на социјалните мрежи и со својата порака ги освои симпатиите на Чилеанците.

„Не грижете се!!! Штотуку ми кажаа дека сè е во ред со стативата и брзо ќе заздрави. Убав ден, шампиони!!!“, напиша Медел на „Твитер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top