| четврток, 6 декември 2018 |

Јан Гилан ги покани македонските фанови на гала-проектот со Македонската филхармонија

Гала-проектот со кој „Авалон продукција“ ја затвора светската концертна сезона 2016 година во Скопје е настапот на рок-легендата Јан Гилан (Ian Gillan) – еден од сигурно највпечатливите светски вокали на сите времиња, кој доаѓа со уникатен концерт – со песни од „Дип парпал“ (Deep Purple), придружуван од бендот на Дон Аири (Don Airey) и Македонската филхармонија, под диригентство на Стивен Бентли-Клајн (Stephen Bentley- Klein), на 5 ноември во ВИП Арената.

„Smoke On The Water“, „Black Night“ и „Perfect Stranger“, се само дел од легендарните нумери, кои ќе прозвучат пред македонската публика.

Со овој концерт, „Авалон продукција“, едноставно, сака да им излезе во пресрет на сите тие што во изминативе неколку месеци чекаа и бараа од нас класичен рок-концерт.

Имено, Јан Гилан (Ian Gillan) сѐ уште активно настапува и распродава концерти насекаде во светот. Само минатата година тој настапи во 48 земји- со „Дип парпл“ (Deep Purple) и како соло-изведувач. Македонија ќе има навистина единствена шанса да го види легендарниот Јан Гилан (Ian Gillan) во Скопје. Специјални гости на овој концерт ќе бидат Папа ле Гал (Papa Le Gal).

Легендарниот фронтмен на Deep Purple, Ian Gillan, лично ги покани македонските фанови на концертот што ќе го одржи на 5-ти ноември во Скопје, придржуван од бендот на Don Airey и Македонската Филхармонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top