| четврток, 6 декември 2018 |

Солистички концерт на флејта на Тиана Јовиќ

На програмата се композиции од Штамиц, Моцарт, Доницети, Келер и Милоти, дела со кои Јовиќ настапи на неколку меѓународни и државни натпревари и освои повеќе награди.

Вечерва, 28 јуни, во ресторанот „Амор“ во Кочани со почеток во 21 часот, солистички концерт на флејта ќе приреди Тиана Јовиќ, ученичка во Државниот музичко-балетски училишен центар „Илија Николовски- Луј“ во Скопје.

На програмата се композиции од Штамиц, Моцарт, Доницети, Келер и Милоти, дела со кои Јовиќ оваа учебна година настапи на неколку меѓународни и државни натпревари и освои повеќе награди.

Со први награди се врати од меѓународните натпревари „ФЕМУС“ во Суботица и „Полихимнија“ во Скопје; втори награди освои на 14-от Меѓународен фестивал „Петар Стојановиќ“ во Уб, Република Србија и на Државниот натпревар на млади музичари во Скопје и трета награда на Меѓународниот натпревар на дувачи во Пожаревац, Република Србија. Јовиќ работи под менторство на нејзината професорка по флејта, Симона Марочковска-Манојловска, а ќе настапи во пијано-придружба на Ивана Јакимовска, студентка на Факулетот за музичка уметност во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top