| четврток, 6 декември 2018 |

Велика Британија ќе исчезне за пет години, вака ќе изгледа светот по Брегзит

Ричард Хас, претседателот на Советот за меѓународни односи предвидува дека Британија веќе во следните пет месеци ќе осиромаши, а во некои од земјите ќе се спроведе референдум за останување во ЕУ. Борис Џонсон ќе биде нов премиер, фунтата значително ќе ослабне, а популарноста на Доналд Трамп сериозно ќе порасне поради Брегзит, токму пред изборите во САД. За пет години нема веќе да постои Обединетото кралство

4aff67d9cf27ff93a8a5a3ca4f3a8d29

„Брегзит“ со себе донесе хаос. Британија ја напушта Европска унија (ЕУ), премиерот Камерон поднесува оставка, милијардите исчезнуваат од берзата. Влијателните светски економисти, историчари и стручни лица за меѓународни односи предвидуваат како ќе влијае „Брегзит“ на светот во следните пет месеци, но и во наредните пет години.

Весникот „Политико“ собра мислења на влијателни „брексперти“.

Ричард Хас, претседателот на Советот за меѓународни односи предвидува дека Британија веќе во следните пет месеци ќе осиромаши, а во некои од земјите ќе се спроведе референдум за останување во ЕУ. Борис Џонсон ќе биде нов премиер, фунтата значително ќе ослабне, а популарноста на Доналд Трамп сериозно ќе порасне поради „Брегзит“, токму пред изборите во САД. За пет години нема веќе да постои Обединетото Кралство. Шкотска ќе биде независна и во ЕУ. Многу е веројатно дека и Северна Ирска ќе се спои со Ирска. Уште неколку земји ќе ја напуштат ЕУ, но ќе ги задржат добрите односи со Унијата.

d73bc24952e8e311d0f382be771b2888

Даниела Плетка, потпретседателката на студијата за надоврешна политика на Институтот „Американ ентерпјас“ вели дека се ќе зависи од тоа какви луѓе ќе ја водат ЕУ и Велика Британија.

– Светот е во зенитот на популизмот. Следбениците на „Брегзит“ и на Трамп се најгласни досега. Сепак, нивните ставови се засноваат на вистински проблеми. Луѓето се се посиромашни, расте бројот на бегалците, луѓето ја губат довербата во владата. Лидерите на европските земји треба да ги решат проблемите заобоколувајќи го популизмот. Во спротивно, светото ќе се врати во 1933 година, во време на фрагилна политика, бес, опасни луѓе кои носат уште попасни одлуки и потоа знаете што се случи – анализира Плетка.

c8207c3068e571546ce7abeda5f422fb

Џон Меклафин, поранешен в.д. директор на ЦИА и професор на Универзитетот „Џон Хопкинс“ вели дека во следните пет месеци Унгарија, Полска, Чешка и Холандија ќе ги следат настаните во Британија. Ако штетата не е многу голема, сами ќе се обидат да се отцепат од ЕУ.

– Ако се случи тоа, за пет години опастанокот во ЕУ ќе биде во опасност. Германија ќе крои политички и економски трендови, а Русија ќе ужива во распадот на ЕУ и ќе го зголеми своето влијание во однос на НАТО, посебно во земјите во источна Европа. Путин со задоволство ќе напише посмртнница за ЕУ – вели Мајлафин.

d843b98356ae816d3a1a1e6b3b237029

Стивен Сестанович, професор по дипломатија на универзитетот „Колумбија“, вели дека тешко дека некој ќе профитира од „Брегзит“.

– „Брегзит“ најмногу ќе ги погоди САД бидејќи системот во таа земја е сличен со тој во ЕУ и таму има многумина што викаат „ја сакаме својата земја назад“ – вели тој.

36525a4a8dad5084a5d2338c1b374784

Дин Бејкер, еден од директорите на Центарот за економски и политички истражувања во Вашингтон е многу пооптимистички настроен.

c00d85addc7688b4d2f804638b66694c

– Во следните пет месеци пазарите ќе се стабилизираат, а потоа целосно ќе се сменат по поразот на Трамп во ноември. Британија ќе застане на нозе, а во следните пет години ЕУ и островот ќе ја отфрлат политиката на штедење и ќе бележат голем економски пораст – тврди Бејкер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top