| четврток, 6 декември 2018 |

Почнаа Петровденските пости – еве како правилно се пости и што не смеете да правите

petrovden

За верниците почнаа Петровденските пости, востановени во духот на светите апостоли Петар и Павле.

Овој пост е сличен на Божиќниот но е пократок и нешто поблаг од него. Оние што постат од денеска не би требало да јадат месо, јајца, павлака, сирење, кајмак, чоколада и се што спаѓа во мрсна храна. Риба, вино и зејтин можат да се јадат секој ден освен во среда и петок, кога се пости со вода.

Ден воочи Петровден исто така строго се пости, освен ако падне во сабота или недела, кога е дозволена употреба на зејтин. Ако Петровден падне во среда или петок, тој ден не мрсиме, а може да се јаде само риба, вино и зејтин.

Постот се завршува на 12 јули, празник посветен на светителите Петар и Павле.

Целата на постот, како што наложува верата, не може да се постигне само со воздржување од мрсна храна, туку и воздржување од лоши мисли, зборови и дела и задолжителна молитва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top