| четврток, 6 декември 2018 |

Гази Баба ќе ги подобрува условите во 11 основни училишта

Летово, Општина Гази Баба ќе вложи 10,3 милиони денари во реконструкција на одделни делови од сите 11 основни училишта на нејзината територија. Наредна учебна година, учениците ќе ја започнат во реконструирани простории со подобрени услови.

Некаде, градежните работи веќе се во тек. На пример, основното училиште „Св.Кирил и Методиј“ во селото Стајковци, веќе се реконструира. Се работи на замена на кровната конструкција и подот. За таа цел беа издвоени 8,6 милиони денари. Рокот за завршување на градежните работи во ова но и во другите училишта е 1 септември, кога и почнува наставата.

Паралелно со тоа, во завршна фаза е и набавката на опрема за училиштето во Железара. Тоа ќе добие нови клупи, столчиња, како и опрема за лабораторија и опрема за безбедносен надзор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top