| четврток, 6 декември 2018 |

„Дневникот на еден луд“ на фестивал во Нови Сад

Моно операта „Дневникот на еден луд“ на македонскиот композитор и режисер Марјан Нечак, во продукција на Moving Music Theatre и Центарот за култура од Битола ќе биде изведена на меѓународниот театарски фестивал на алтернативен и нов театар – ИНФАНТ во Нови Сад.

Театарскиот фестивал на алтернативен и нов театар – ИНФАНТ ќе се одржи по 43-ти пат, од 25 јуни до први јули, во Нови Сад.

На оваа значајна театарска манифестација Република Македонија ќе ја претставува и писателот и театарски критичар Гоце Ристовски како член на меѓународното стручно жири.

– Во годинашната селекција на ИНФАНТ Шекспир, Толер, Ибзен, Вегел… од една страна, и Торбица, Младеновиќ, Естарас, Колежник, Урбан… од друга страна ќе ги преиспитуваат личните и општествените механизми кои ја условуваат слободата на поединецот и ја провоцираат неговата сосвест – вели селекторката Јелена Кајго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top