„Брегзит“ е јасна порака и за Европејците што живеат и работат во Британија дека можеби нема да можат да останат.
Правилата на ЕУ гарантираат безвизно движење на луѓе и работници во 28-члениот блок. Но, сега кога Обединетото Кралство излегува од ЕУ, тоа слободно движење би можело да се доведе во прашање, така што работниците треба да се загрижат дали ќе можат да ја задржат својата работа и со пасошот на ЕУ да останат во оваа земја.
Правници велат дека состојбата нема да се смени веднаш, но на подолг рок, ситуацијата ќе биде неизвесна како за работниците од ЕУ, така и за работодавците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.