| четврток, 6 декември 2018 |

Грција: Брегзит е резултат на ароганцијата на бриселската бирократија

gerovasili grcijaГласањето во Велика Британија за излез од Европската унија е резултат на арогантното однесување на бирократскиот центар за донесување одлуки, како и на демократскиот дефицит во Унијата и лошото справување со економската и бегалската криза, изјави портпаролката на грчката Влада, Олга Геровасили.

– Одлуката на Британците да ја напуштат Европската унија не може да биде пријатна, но целосно се почитува. Јас тоа го сметам за најсилен аларм за ЕУ, што досега сме го имале- изјави таа во интервју за солунскиот весник „Тес Њуз“.

– Ова се резултати на демократски дефицит, лошо справување со економската и бегалската криза, но главно на арогантното однесување на бирократските центри за одлучување-  нагласи Геровасили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top