| четврток, 6 декември 2018 |

Бремената девојка на Владо Георгиев играше со часови

vlado

Владо Георгиев одржа концерт на Таш, а неговата девојка Милица Самарџија без одмор играше, иако на есен би требало да се породи. Друштво и правеше мајка и Мира.

Милица на концертот дошла половина час порано, и иако е во врска со Владо и во поодмината бременост, не ја пуштиле да влезе преку ред, па повеќе од 15 минути стрпливо стоела на влезот. Зад неа чекала нејзината мајка.

vlado3

 

По реакциите на девојката на Владо ова не и годело, посебно поради жештината, па нервозно воздивнувала, но се орасположила кога стигнала до своето место во ВИП делот.

Кога се сместила на масата, нарачале вода и цела вечер уживале.

vlado2

И Милица и мајка и Мира ги знаеле сите хитови напамет и можело да се забележи дека навистина уживаат.

Во еден момент Владо почнал да ја пее песната „Ангелу“ при што се свртел кон својата избраничка. Полн со емоции Владо пеел, а Милица уживала во посебниот момент. Публиката останала  без зборови и посебно ракоплескала на таа нумера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top