Еден од водечките светски артисти во денс и хаус музиката со статус „господар на жанрот“, Роџер Санчез на големата сцена на Д фестивал ќе го претстави својот секогаш актуелен звук поради кој стекна армија фанови, меѓу кои и останатите ѕвезди од сцената кои го направија познат и како „DJ’s DJ“ и „Producer’s producer“…
Минатата година се покажа како една од најкреативните и најактивните години за Роџер Санчез, продолжувајќи го успехот на неговиот S-Man псевдоним, а по подолго време и првите изданија под неговото име, како што е огромниот успех на синглот „Remember Me“ кој од фаворит во листата на Пит Тонг (Pete Tong’s Essential New tune) за кратко време прерасна во глобален радиски и клупски хит.
Покрај светските артисти и огромниот број претставници на македонската сцена, Д фестивал оваа година ги собира и најатрактивните музички имиња од регионот.
На главната бина, покрај веќе потврдените изведувачи од регионот, ќе настапи и најголемиот хрватски претставник на панк рок естетиката, бендот Хладно пиво предводен од Миле Кекин, кои ќе настапат на Д фестивал во рамки на нивната голема балканска турнеја со новиот албум „Dani zatvorenih vrata“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.