Кога надвор имаме температури до 40 степени целзиусови и спарно време порани кое не може ниту нормално да се дише, најчесто посегнуваме по чаша вода или сок со многу лед за да се разладиме.
По топлото време најдобро е да се пие вода, односно напитоци на собна температура затоа што организмот бргу ги апсорбира.
Можеби би требало да внимавате колку лед ставата затоа што научниците предупредуваат дека ладната вода всушност ја успорува хидратацијата на организмот. Доколку пиете ледно ладни пијалоци веднаш по оброците, постои голема можност да се преладите, дури и доколку надвор е топло.
Кога ќе стекнете навика да пиете вода на собна температура, ќе забележите огромно подобрување на дигестивниот систем и ќе се чувствувате подобро за време на оброкот и по него.
Пиењето на топол чај на високи температури исто така има свои рпедности затоа што напитокот го потикнува потењето и така ве разладува, но постои и трик: топлиот напиток ќе ве разлади единствено кога надвор нема влага, односно кога воздухот е чист. Ефектот ќе биде уште подобар доколку носите облека која не задржава влага, односно која овозможува испарување на потта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.