Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне со локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Температурата ќе се движи од 28 до 36 степени, а УВ индексот ќе биде 7.
Во Скопје слично време и температура до 34 степени.
Во првите два дена од наредната недела претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локален пороен дожд со грмежи. Ќе дува умерен северен ветер. Дневната температура до среда ќе биде во опаѓање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.