| четврток, 6 декември 2018 |

Угаснат пожарот на Халкидики, македонските туристи надвор од опасност

Големиот пожар што го зафати хотелскиот комплекс „Порто Карас“ во Неос Мармарис, Грција е угаснат и македонските туристи се надвор од опасност.

Пожарот ја зафати шумата која е во близина на „Порто Карас“, на грчкиот полуостов Халкидики, но во брзо време бил локализиран.

Пожарот ја зафати ниската шума и грмушките, но и ветерот во значајна мерка ги отежнуваше напорите на пожарникарите кои стигнаа на местото да го гаснат пожарот. Како што јави и „ТВ Нова“ во гаснењето на пожарот учестуваат и канадери.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top