| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Ги удвоивме нашите напори, мора да продолжиме така

gruevski ums 2-Граѓаните кои увидоа наши грешки во изминатиот период, наоѓаа начини да ни ги соопштат, преку разни начини на комуникација. Ние максимално се трудевме да ги примиме тие пораки, да ги преиспитаме и анализираме нашите чекори и грешки, и да се подобриме. Делумно од тоа направивме, но имаме уште работа, и ќе останеме посветени на тоа. Работата на препознавање и корегирање на сопствените грешки, е една од најделикатните работи во политиката. Најдобро е да се спознаат и поправат на време, отколку како во случајот со СДСМ, 11 години да се повторува во прво одделение. Многу ни помогна тоа, што и онака нападнати со силни и валкани оружја, не само што не застанавме со работата, туку ги удвоивме нашите напори. Мора да продолжиме така, колку и да е тешко- посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на годишната конференција на УМС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top