Истражувањето кое го спроведе една американска туристичка агенција издвои 10 европски градови кои нудат најинтересна содржина за посетителите.
Во Европа се едни од најубавите градови во светот – Лондон, Париз, Венеција, Виена, Барселона, Рим, Истанбул, Амстердам, Атина. Сите имаат интересна и богата историја и култура.
Истражувањето покажало дека најзабавен европски град е Берлин.
Запален, бомбардиран, изолиран од остатокот на светот, Берлин во текот на својата турбулентна историја успеа да се обнови и да стане вистински „трендсетер“ во уметноста, кулинарството и забавата.
Улиците на таканаречениот „европски Њујорк“ се секогаш преполни со слободни уметници и креативци кои не седат во канцеларии, туку создаваат на самото место.
Берлин е издвоен и како дестинација која е совршена за пивопијци, но и сладокусци и гурмани кои на секој чекор може да уживаат во разни евтини и скапи деликатеси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин
-
Забавата на работа ја зголемува продуктивноста кај вработените
-
По Париз, денеска протести и во Берлин: Незадоволство од цените на станарините