Вредноста на златото преку ноќ скокна за 22 отсто, како последица на резултатите од „Брегзит“, за излегување на Велика Британија од ЕУ.
Вчера вечерта вредноста на унца злато изнесувала 1.256,50 долари, а денеска наутро вредноста на унцата беше 1.336,66 долари, односно 6,3 отсто во однос на доларот, но многу повеќе во однос на пад на фунтата.
Порастот на цената на златото покажува дека на светскиот пазар владее голема паника. Вредноста на златото скокна 22 отсто во однос на фунтата, преку ноќ, што е најбрз скок на цената на златото во однос на фунтата во историјата.
Во вакви кризи, златото им помага на инвеститорите да ја осигураат својата позиција.
Истовремено курсот на еврото во однос на јенот падна денеска на најниско ниво од јануари 2013 година, како последица на резултатите од референдумот во Велика Британија, јави ТАСС.
Кон 10.15 часот според времето во Токио, едно евро се разменуваше за помалку од 115,5 јени, што е речиси за три јени помалку во однос на втората половина од вчерашниот ден.
Истовремено, британската фунта падна на најниско ниво од 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.