Полицијата од италијанскиот град Фиренца запленила 23 килограми кокаин, што според неа е најголема количина до сега запленета во овој град.
Во акцијата уаспени се двајца албански државјани и една Романка, која била во еден од автомобилите со кои се пренесувала дрогата, поделена во два дела, 11 и 12 килограми.
Дрогата била отркиена при рутинска контрола, кога полицијата на автопат ги запрела двата автомобила. Полицијата запленила и две илјади евра и четири мобилни телефони.
Тројцата уапсени ќе одговараат за поседување и продажба на наркотични средства.
Идентитетот на уапсените не се соопштува, во интерес на истрагата, зашто полицијата се
сомнева дека тие се само дел од меѓународна организација за шверц со дрога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


