| четврток, 6 декември 2018 |

Нафтен шок по „Брегзит“: Падна цената на црното злато

nafta

На Њујоршката берза цената на суровата нафта опадна за околу 5,2 проценти, но аналитичарите, сепак, велат дека британското „не“ за Европа нема да има директно долгорочно влијание на пазарот на нафта.

Цените на суровата нафта паднаа за повеќе од 6 проценти, на азиските пазари, по објавата на резултатите за референдумот во Велика Британија, на кој е одлучено дека Велика Британија веќе не е дел од Европската унија.

На Њујоршката берза цената на суровата нафта падна за околу 5,2 проценти, но аналитичарите, сепак, велат дека британското „не“ за Европа нема да има долгорочно влијание на пазарите на нафта, односно дека ќе постои моментална нестабилност поради претпазливоста на главните играчи на пазарите.

Пред да опаднат, цените на нафтата синоќа пораснаа бидејќи се веруваше дека Британија нема така лесно да ја напушти ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top