| четврток, 6 декември 2018 |

Петмина Македонци заразени со гонореја

Минатата година петмина Македонци биле заразени со гонореја (сексуалнопренослива болест). Најголем број заболени, и тоа 11, во една година имало во 2008 година. Овие податоци се содржани во годишниот извештај на ИЈЗ.

Гонорејата претставува сексуалнопренослива болест која е честа појава, пред сѐ кај луѓето кои практикуваат секс без заштита од каков било тип. Болеста е причинета од бактеријата Neisseria gonorrhoeae, a според медицинарите поволно место за опстојување на вирусот се топлите, влажните делови од телото, вклучувајки го и проводот за урината. Кај жените бактеријата може да опстојува во репродуктивниот тракт (јајцеводите,матката и грлото на матката).

Во 2015 година пријавен е само еден случај на сифилис, исто како и претходната година. Во десетгодишниот период од 2005-2014, заболувањето се регистрира со поединечни случаи. Најголем број на заболени лица се регистрирани во 2010 година.

Сифилис е сексуалнопренослива болест која е предизвикана од бактеријата спирохета. Ако не се лекува, може да предизвика сериозно оштетување на нервниот систем, срцето или мозокот и на крај да предизвика дури и смрт.

Сифилисот се пренесува со незаштитен секс, заедничка употреба на секс- играчки или директен контакт со лице инфицирано кое по кожата има отворени ранички или осип од сифилис.

Во 2015 година најголем дел од СПИ отпаѓаат на инфекции предизвикани од хламидија. Заболувањето во 2015 година е регистрирано со 264 случаи и инциденца од 12,8 на 100.000 жители, што е значително намалување (-56,5%) во споредба со 2014 година кога се регистрираа 607 случаи и инциденца од 29,4 на 100.000 жители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top