| четврток, 6 декември 2018 |

Поскапи играчи и работни дозволи – како „Брегзит“ ќе влијае врз Премиерлигата

brexit-premier-leagu

Британците вчера гласаа за напуштање на Европската унија, па многумина се прашуваат како тоа ќе влијае врз најсилната светска фудбалска лига – Премиерлигата. Сите клубови од Премиерлигата беа за останување на Велика Британија во Европската Унија и советуваа луѓето на референдумот да кажат НЕ за излегување од ЕУ.

Сепак, Британците вчера гласаа за напуштање на Европската унија, а сега прашањето е кои ќе бидат последиците од овој исход над англискиот фудбал.

Медиумите на островот пишуваат за два клучни моменти, работните визи и падот на вредноста на фунтата што во основа ќе ги направи играчите надвор од Британија поскапи. Голем број фудбалери добија работна дозвола бидеќи поседуваат пасош од ЕУ, но сега ќе треба да бараат виза како и останатите, а критериумите во Британија се прилично строги.

Се говори дека околу 108 фудбалери од Премиерлигата во моментов не ги исполнуваат условите, а помеѓу нив се играчи како Хектор Бељерин, Лоран Косјелни, Курт Зума, Нголо Канте, Емре Џан, Симон Мињоле, Антони Марсијал, Давид де Геа и Димитри Паје. Светла страна е тоа што сите сегашни договори ќе бидат испочитувани и системот за работни дозволи ќе се реформира во следните две години.

Покрај работните дозволи, проблем може да биде и девалвацијата на фунтата.

Несигурноста за тоа како ќе се одвива трговската размена помеѓу Велика Британија и ЕУ сигурно ќе предизвика пад на фунтата, со што фудбалерите од странство ќе станат поскапи за клубовите од Премиерлигата.

Како што стојат денеска работите, доколку некој клуб од островот сака да го купи Пол Погба од Јувентус и „старата дама“ бара 160 милиони евра за својата ѕвезда, клубовите од Англија ќе треба да одвојат 129,4 милиони фунти.

Но, со паѓање на фунтата, клубовите ќе бидат принудени да одвојат уште неколку десетици милиони.

Исто така, можно е да се зголеми и сметката за плати доколку во договорите на играчите е напишано нивните примања да се исплаќаат во евра наместо во фунти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top