| четврток, 6 декември 2018 |

Северна Ирска бара спојување со Република Ирска

severna irska fotoСеверна Ирска единствено има копнена граница со ЕУ од целото Обединетото Кралство, и тоа со Република Ирска. За сега не се знае како ќе влијае Брегзитот на односите меѓу двата региони.

Заменикот Прв министер од Северна Ирска, Мартин Мекгинис, претставник на Шин Фејн, повика на референдум за обединета Ирска, по успешниот референдум за „Брегзит“.

martin-mcguinness-euПодршката за останување во ЕУ на референдумот беше значително поголема во Северна Ирска споредено со другите региони во Велика Британија.

 

Како регион кој дели копнена граница со ЕУ, односно со Република Ирска, не се познати последиците кои ќе ги сносат Ирците заради односите меѓу државата и ЕУ по „Брегзит“.

znaminjaВеќе се зборува за физичка граница и за пасошка контрола кои ќе никнат на граничната линија, додека други заговараат ефективна граница околу Велика Британија , а со тоа исклучување Северна Ирска од остатокот од Велика Британија.

Северна Ирска исто така добива значителна финансиска поддршка од ЕУ во форма на таканаречените „пари за мир“ за финансирање на проекти наменети за смирување на регионот познат по националистички проблеми.

Партиите во регионот, Шин Фејн, СДЛП и Алијансата ја подржаа опцијата за останување во ЕУ, за разлика од Демократската Унионистичка Партија која застана зад Брегзит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top