| четврток, 6 декември 2018 |

Шкотска најавува нов референдум за независност: Ние сме дел од ЕУ

scotlandЛидерката на шкотската СНП Никола Старџон истакна дека Шкотска се изјаснила (62 проценти за останување во ЕУ) што навестува дека овој референдум нема да биде последен.

Се очекува сега да се повтори иницијативата за независност на Шкотска од Велика Британија.

-Шкотска испрати силна порака дека сака да остане во ЕУ. Гласањето покажа дека граѓаните на Шкотска својата иднина ја гледаат како дел од Унијата- посочи Старџон.

skotskaИ Патрик Харви од шкотската Зелена партија се огласи со став дека би можеле да го поддржат новиот референдум за независност на Шкотска кој што го најави Старџон.

-Шкотска мора да ја сочува секоја опција со која може да се заштити. Шкотскиот парламент и влада мора да имаат свој претставник во преговорите кои ќе следат. Мора да ги браниме нашите права како граѓани на ЕУ- наведува Харви.

Утрово се пребројани гласовите од референдумот наречен Брегзит, на кој победи опцијата земјата да ја напушти Европската Унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top