| четврток, 6 декември 2018 |

Би-би-си: Лондон ја напушта забавата, ЕУ продолжува без Велика Бртанија

Иако не се пребројани сите гласови на британскиот референдум, речиси е сигурно дека Британците донесоа одлука да ја напуштат Европската унија.

Би-би-си и Скај њуз околу 5 часот утрово прогласија победа на опцијата која се залагаше за тоа Лондн да го напушти друштвото на европските народи.

Според прогнозите на овие медиуми, за Брегзит гласале 52% Британци и така би требало да остане, доколку во финалното броење на гласовите не дојде фо драматични промени.

На референдум излегоа нешто помалку од 72 отсто Британци, а за излез се изјасниле преку 15.000.000, а својата иднина во ЕУ ја виделе еден милион помалку.

Тасот на референдумската вага во текот на ноќта неколкупати ја менуваше страната, а во еден момент дури беше и потполно изедначено, па Британците се прашуваа што ќе биде ако на крајот остане нерешено.

Неверувањето го поттикна лидерот на Партијата за независко Обединето Кралство, Најџел Фараж, кој по затворањето на изборните места рече дека постојат јасни знаци дека опцијата за останување во ЕУ ќе ја понесе победата.

Неколку часа подоцна, повторно се јави, но овојпат го прогласи 23 јуни за Ден на зезависноста на Велика Британија, велејќи дека ова е победа на обичниот народ.

Набрзо изјава даде и лидерката на шкотската СНП Никола Старџон, која истакна дека Шкотска го кажала своието (62% за останување во ЕУ), што имплицира дека овој референдум нема да биде последен. Напротив, треба да се очекува повторнување на иницијативата за независност на Шкотска.

Како изгледаше ноќта која засекогаш ќе ја промени Евтопа, можете да прочитате на блогот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top