Српскиот пејач, Владо Георгиев вели дека неговиот постар колега Здравко Чолиќ своевремено бил соработник на службата за државна безбедност, позната како УДБА.
Тој го коментирал хитот на Чола, “Pisacu joj pisam duga” од 1980 година, за кој рекол нешто за што веќе подолго време се шпекулира. Георгиев вели дека е јасно дека Здравко за време на СФРЈ бил соработник на УДБА и дека тоа му помогнало да стане голема музичка ѕвезда.
– Додека Чола се држеше до своите сериозни соработници, имаше добри песни. Во своите хитови ги набројуваше имињата на градовите што навестува дека бил под контрола на службата за државна безбедност. Не беше возможно во тоа време да се биде ѕвезда ако не отпееш “Друже Тито ми ти се кунемо”. Беше и во Англија, а таму песните му ги продуцираа сериозни луѓе, изјавил Владо на Накси радио.
По овој повод го контактирале и Чолиќ, но тој не сакал да коментира.
Изјавата на Георгиев е само потврда за она што го изјавил Живан Велисављевиќ, долгогодишен соработник на УДБА. Тој сведочел дека во седумдесетите Чолиќ бил одбран од титовиот соработник Стане Доланц за да ја води акцијата “Миљацка” чија цел било контрола на младината преку рок музиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.