Три лета се откажани во последните 36 часа откако 39 стјуарди и стјуардеси заминаа на боледување во авиокомпанијата Кроација Ерлајнс.
Иако вакво масовно боледување не е забележано во историјата на авиокомпанијата, на сите патници кои веќе купиле карта за овие летови им се понудени алтернативни летови со Кроација Ерлајнс и нејзините партнери.
Бидејќи финансиските трошоци од ова ненадејно заминување на боледување на 20 посто од кабинскиот персонал компанијата ќе ја коштаат прилично многу, од Кроација Ерлајнс најавиле дека ќе има детална истрага за објективноста на сите поднесени барања баш на овој празничен ден да се отсуства од работното место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.