Клубот Матица, традиционално, 17-та година по ред, од 20 јуни до 20 август ја организира летната книжевна кампања „Со книга на плажа – сонцето пишува нови страници“.
И годинава, како и секоја претходно, читателите и членовите на Клубот преку интерна анкета го избраа хитот за лето 2016. Најмногу гласови и симпатии освои „Молитва за прошка“ од најчитаната балканска авторка Јелена Бачиќ Алимпиќ.
Куриозитет за ова лето е половата поделеност, односно, резултатите покажаа дека 96% од понежниот пол за свој фаворит ја сметале „Молитва за прошка“, а машкиот пол со повеќе од 65% за свој фаворит го одредиле најновиот трилер „Неисполнето ветување“ на светскиот познатиот, Линвуд Баркли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.