| четврток, 6 декември 2018 |

Со еден удар три муви, Роналдо се пласираше во осминафиналето и сруши два рекорди на ЕП (видео)

ronaldo

Ѕвездата на Португалија Кристијано Роналдо одигра два слаби натпревари на почетокот од Европското првенство, но вечерва блесна во Лион.

Тој ја дочека својата шанса и попладнево постигна два гола со што стана единствениот фудбалер во Европа што постигнал голови на четири последователни европски првенства со што си обезбеди место во историјата на европските шампионати.

Со тоа, Роналдо остана стана првиот фудбалер што успеал да се запише меѓу стрелците на четири европски шампионати во низа. Тој беше стрелец на ЕВРО 2004, 2008 и на ЕВРО 2012, за со денешниот прекрасен погодок, да испише нова историја.

Воедно, Португалецот стана и фудбалер со најмногу настапи на европските првенства, денешниот натпревар е вкупно 17. на ЕП за Кристијано, кој успеа да ги мине Лилијан Турам и Едвин ван дер Сар, кои имаа по 16 настапи на европските шампионати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top