| четврток, 6 декември 2018 |

Џон Њуман за затворање на концертното лето во Скопје

Енергичен концерт имаше момчето чии синглови бројат речиси милијарда прегледи на „Јутјуб“, а хитовите („Love Me Again“, „Loosing Sleep“, „Out Of My Head“) му се пееле многу и пред да му го видиме ликот. Младиот Англичанец го промовираше новиот албум „Revolve“, а неговиот моќен вокал им даде живот на „Cheating“, „Tiring Game“, „Come and Get It“, „Give Me Your Love“, „Blame“…

Џон Њуман ќе биде главен хедлајнер на фестивалите „Белград колинг“ и „Загреб колинг“, што исто така ги организира „Авалон продукција“, а за некој ден го очекуваат концерти во Лондон, Талин, Москва…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top