| четврток, 6 декември 2018 |

Катастарот и општините урбанизираат парцели за „Купи куќа за млади“

kata

Геодетски тимови на Катастарот денеска почнаа теренски активности на повеќе локации за подготовка на ажурирана геодетска подлога со што стартува урбанизацијата на парцелите коишто ќе се продаваат преку проектот „Купи куќа за млади“ со почетна цена од евро за метар квадратен.

Геодетски подлоги Катастарот ќе изготвува за локации во 36 општини на површина од 700 хектари, од кои најголемиот дел планира да ги заврши до средината на следниот месец, а целосно до крајот на август годинава. ­

-Ажурираните геодетски подлоги ќе бидат доставени до Агенцијата за просторно планирање која понатаму треба да ги изготви урбанистичките планови, општините да ги усвојат на советите за да можат да се понудат на продажба од евро за метар квадратен – информира директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески, кој присуствуваше на премери во општина Сопиште.

Катастарот е надлежен за 36 од 66­те општини за кои се определни точните локации каде ќе се градат населбите од проектот „Купи куќа за млади“. Станува збор за општините во Скопје, Битола, Гевгелија, Пробиштип, Охрид, Велес, Берово, Василево, Босилово, Ново Село, Свети Николе, Лозово, Кавадарци, Штип…Останатите 30 локации ќе ги урбанизира Министерството за транспорт и врски. Ажурирањето на податоците во Сопиште, каде ќе се изработува урбанистички план за 100 градежни парцели на вкупна површина од 31 хектар, како што рече Трпевски, Катастарот ќе го заврши до крајот на следниот месец. Нивната продажба градоначалникот Стевче Трковски ја најавува за следната година.

-Парцелите се со површина од 300 до 700 метри квадратни, по донесувањето на деталниот план со помош на Владата ќе почнеме со уредување на инфраструктурата, изградба на патиштата, водовд и канализација, за на крај да почнеме со јавна продажба со почетна цена од евро за метар квадратен- изјави Трпковски. Преку проектот „Купи куќа за млади“, младите до 35 години можат да добијат до 33.000 евра субвенции – неповратни средства од Владата за купување, изградба или надградба на куќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top