| четврток, 6 декември 2018 |

Дедо фатален љубовик: Го врзала бебето за количка и го удавила за да не ѝ пречи во љубовта

Французинката Фабиен Кабу го оставила своето 15-месечно бебе врзано за количка да се удави, бидејќи ѝ пречело во љубовниот живот. Веројатно ја чека доживотен затвор.

Fabienne-Kabou-in-court (3)

Кабу ја оставила малата Аделаида врзана во количка на брег непосрдно пред почеток на плима.

– Го завршив нејзиниот живот, бидејќи така беше полесно – рекла 39-годишната жена на суд.

Сега ја чека казна за убиство со умисла. Безживотното тело на бебето било цврсто врзано за количката кога следниот ден го пронашле рибари.

Fabienne-Kabou-in-court (1)

По 10 дена, полицијата успеала да ги поврзе примероците од ДНК-анализата со монструозната мајка.

Оваа студентка по филозофија била уапсена во станот штој го делела со своето 63-годишно момче Мајкл Лафон.

Кабу рекла дека за „драстичниот“ потег се одлучила, бидејќи сфатила дека нејзиното мајчинство е некомпатибилно со нејзиниот љубовен живот.

Fabienne-Kabou-in-court

По страшното убиство, во 2013 година, избија големи протести во Франција против насилствата врз децата.

Fabienne-Kabou-in-court (2)

Нејзиниот адвокат истакнал дека Кабу, со потекло од Сенегал, пораснала во богато католичко семејство и неверојатно е интелигентна. Тој ја бранел цитирајќи го соопштението на психијатарот дека нејзиниот став е поврзан со нејзината култура и лична историја која е под влијание на сенегалските култови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top