Fabienne Kabou, French woman accused of murdering daughter on beach blames actions… https://t.co/rpr1xPaYjd pic.twitter.com/UhnYZN8DPR
— Ksley8 (@KonnieMoments1) June 21, 2016
Французинката Фабиен Кабу го оставила своето 15-месечно бебе врзано за количка да се удави, бидејќи ѝ пречело во љубовниот живот. Веројатно ја чека доживотен затвор.
Кабу ја оставила малата Аделаида врзана во количка на брег непосрдно пред почеток на плима.
– Го завршив нејзиниот живот, бидејќи така беше полесно – рекла 39-годишната жена на суд.
Сега ја чека казна за убиство со умисла. Безживотното тело на бебето било цврсто врзано за количката кога следниот ден го пронашле рибари.
По 10 дена, полицијата успеала да ги поврзе примероците од ДНК-анализата со монструозната мајка.
Оваа студентка по филозофија била уапсена во станот штој го делела со своето 63-годишно момче Мајкл Лафон.
Кабу рекла дека за „драстичниот“ потег се одлучила, бидејќи сфатила дека нејзиното мајчинство е некомпатибилно со нејзиниот љубовен живот.
По страшното убиство, во 2013 година, избија големи протести во Франција против насилствата врз децата.
Нејзиниот адвокат истакнал дека Кабу, со потекло од Сенегал, пораснала во богато католичко семејство и неверојатно е интелигентна. Тој ја бранел цитирајќи го соопштението на психијатарот дека нејзиниот став е поврзан со нејзината култура и лична историја која е под влијание на сенегалските култови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст