Оскаровката Џуди Денч повторно ќе ја толкува улогата на кралицата Викторија во новиот проект на режисерот, Стивен Фриерс.
Филмот ќе биде базиран на книгата на Шрабани Басу, „Викторија и Абдул: Виситинската приказна за најблискиот човек од доверба на кралицата“, објавија британските медиуми.
Станува збор за вистинска приказна за пријателството меѓу кралицата и млад офицер, кој допатува од Индија за да присуствува на најзиниот Златен јубилеј. Како што се зближува двојката, тие почнуваат да ги менуваат своите погледи во светот и Абдул станува замена за нејзин близок пријател Џон Браун.
Пријателството меѓу британската владетелка и Браун стигна на големиот екран во 1997 година во драмата „Госпоѓа Браун“, а за улогата на кралицата Викторија во тој филм Џуди Денч беше номинирана за Оскар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура