| четврток, 6 декември 2018 |

Со лош спин соросовите медиуми го промашија голот: “Најмасовниот” протест на Шарените илустриран со слика од собирите на ГДОМ

informer
 Не е никаква тајна дека соросовите медиуми ширум Балканот, особено сега кога слични активности како и во Македонија се спремаат и организираат и во Србија, работат со полна пареа на ширењето на нивната пропаганда во целиот регион. Така, по вчерашните протести на Шарената револуција, веројатно од желбата да ја претстават како што помасовна, неколку српски портали јавија за “успешноста” и “масовноста” на еден од најдеструктивните протести во Скопје, на кои освен веќе вообиечаеното хулиганство, имаше обид да се урне и споменик. 
Сепак, направиле една круцијална грешка. Најверојатно сакајќи да пронајдат слика на која ќе има што повеќе народ, тие искористиле фотографија од протест на ГДОМ, Граѓанското движење за одбрана на Македонија. Оваа грешка дел од проталите ја исправија во текот на денот, но самото тоа е уште еден пораз во нивната безидејна агенда да ги претстават однадвор диригираните активности како успешни.
Како што и домашната медиумска машинерија на Сорос често знае да биде далеку од целта, така и нивните медиумски соборци од соседството, искажано со фудбалски вокабулар, го промашија голот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top