Бранот поскапувања во Грција не ги исплаши македонските туристи, кои ова лето повторно најчесто патуваат кон југ. Векна леб во Грција чини од 70 центи до 1, 20 евра, а литар млеко од 1 до 2, 5 евра, а „Слободна далмација“ пренесува како се движат цените во рестораните во туристичките места на Јадранот, почнувајќи од Ровињ, па до Дубровник.
- појадок со две пржени јајца и малку шунка – 110 куни (15 eвра)
- обична пица – 90 куни (12 евра)
- салата со туна – 115 куни (15.30 евра)
- порција мешана скара – 120 до 150 куни (16 до 20 евра)
- капучино – 35 куни (4.70 евра)
- нескафе – 40 куни (5.30 евра)
- 200 мл точено пиво – 18 куни (2.40 евра)
- зелена салата – 60 куни (8 евра)
- чаша домашно вино – 35 (4.70 евра)
Весникот пишува дека не треба да ве чуди ако до пред месец дена сте плаќале двојно помала цена во истите места, бидејќи во некои ресторани, кафулиња, слаткарници и сл., има и до 300 отсто поскапени цени.
– Во центарот на градот десетици ресторани ги лажат гостите така што во менито им нудат лигњи, а им сервираат лигњуни. Набавната цека на лигњите е од 100 до 120 куни (13.30 до 16 евра), а на лигњуните 15 до 20 куни (2 до 2.70 евра). Па, сега вие видете за каква измама се работи. Еден наш угостител купи од Истра неколку тони лигњуни, одма ги исече и ги замрзна и сега цело лето ги продава како пржени прстени од каламари и порција наплаќа 80 до 100 куни (10.7 до 13.30 евра). Гостите не разликуваат, па тој само од еден килограм лигњуни заработува повеќе од 50 евра – раскажува за весникот угостител од Дубровник.
Друг огорчен угостител раскажува дека иако максималната цена на изработката на пица е 15 куни (две евра), таа во центарот на градот се продава за 90 куни.
– Да не зборуваме за пилешкото, кое на странците им се продава по цена небаре e орска храна. Тоа е срамота за нашиот туризам бидејќи тоа се угостители кои работата само лето, ги дерат луѓето и исчезнуваат, не им е гајле дали гостите ќе се вратат, бидејќи до година друго ќе работат ако нема туризам – вели угостителот од Сплит, додавајќи дека ваквите цени се само на штета на хрватскиот туризам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.