| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската индустрија со поголем број работници

статистика графиконДржавната статистика јавува за зголме бој работници во март. Бројот на работници во индустријата во однос на март лани бележи пораст од 1,7 отсто. По сектори, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен бележи пораст од 7,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 1,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,6 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2013 година, во однос на март 2012 година, бележи пораст кај Енергија за 7,6 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 1,4 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,2 отсто, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,6 отсто и Капитални производи за 5,3 отсто.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари-март 2013 година, во однос на периодот јануари-март 2012 година, бележи пораст од 0,9 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top