Цеца, после 4 години дискографска пауза, ќе објави нов албум.
Нејзините фанови едвај чекаат да ги слушнат новите 11 песни, а и таа е нестрплива да ги претстави новите композиции на публиката.
Но Цеца освен нови песни на публиката ќе и го претстави и новиот изглед. Таа е повторно црнка со 10 килограми помалку и повторно е секс бомба.
-Цеца подолг период е на режим на здрава исхрана и интензивно вежва, па килограмите се истопија. Сега со новиот албум има и нов имиџ кој го најавува со насловната фотографија на ЦД-то, кое се вика Автограм- вели извор близок на пејачката.
Инаку Цеца во новиот имиџ вложила десетина илјади евра. Таа дала многу пари и на гардеробата и накитот, а на фотографииите на новиот албум изгледа сексапилно и подмладено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.