| четврток, 6 декември 2018 |

По повод Велигден, поставен камен темелник на црквата „Св. Јован Крстител“ во Аеродром

По повод Велигденските празници, се постави камен темелник и се  гради камбанарија на црквата Свети „Јован Крстител“ во новиот парк во општина Аеродром, Скопје, донација на градежната компанија „Адора Инженеринг“. Поставена на северната страна во дворот на црквата, камбанаријата висока над 18 метри е во духот на христијанството и според традицијата и каноните на МПЦ.

IMG_0868

Камбанаријата изработена од бетонска конструкција, ќе биде обложена со природен материјал со највисок квалитет, како и црквата, а околу прозорите ќе има декоративна тула. Качувањето во камбанаријата ќе биде по скали од челична конструкција. Црквата Свети „Јован Крстител“ е донација на “Адора Инженеринг“ и ктиторот проф. д-р Ванчо Чифлиганец со семејството на општина Аеродром, каде компанијата има најголеми инвестиции, за граѓаните на Скопје и Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top