| четврток, 6 декември 2018 |

Чешка испраќа дополнителни 40 полицајци на македонско-грчката граница

policija_20162292153Чешките власти испратија денеска контигент од 40 полициски службеници кои ќе и помагаат на Македонија да ја обезбедува границата со Грција во обид да се спречат мигранти да продолжат илегално кон Западна Европа.

Тоа е трет по ред контигент што Чешка го испраќа во Македонија откако е затворена границата за мигранти.
Полицајците ќе патролираат долж границата заедно со македонски колеги. Мисијата ќе трае шест месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top