Фудбалската федерација на Хрватска е казнета со 100 илјади евра кои треба да ги плати поради дивеењето на навивачите на „коцкестите“ за време на мечот со Чешка на Европското првенство (ЕП) кое е во тек во Франција, одличи Дисциплинската комисија на УЕФА. Одлучено е до крајот на континенталното првенство Федерацијата да не продава билети на лица кои досега биле идентификувани како хулигани.
Казната се должи на расистичкото навивање, како и фрлањето на факели на теренот поради што натпреварот од групата Д беше прекинат на неколку минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.