| четврток, 6 декември 2018 |

Кривичниот совет ги одби барањата на СЈО за случајот ТНТ како неосновани

sud

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје ја отфрли како неоснована жалбата на Специјалното јавно обвинителство и ја потврди одлуката на судијата да не им одреди мерки на претпазливост на тројцата осомничени во случајот „ТНТ“ што го води споменатото обвинителство.

krivicen„Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 донесе решение со кое жалбите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела кои се поврзани и произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) поднесени за лицата М.Ј., Т.Т. и Н.Г., опфатени во предметот на СЈО во јавноста наречен „ТНТ“, против кои судија претходна постапка со решение од 10.06.2016 година не им определи мерки на претпазливост, се одбиваат како неосновани, а се потврдува решението на судијата на претходна постапка“, стои во соопштението на Кривичниот суд објавено на официјалната интернет страница на судот.

На 10-ти јуни Судија на претходна постапка го одби како неосновано барањето на СЈО за спроведување мерки на претпазливост кон осомничените во процесот „ТНТ“ , односно за Никола Груевски, Миле Јанакиески и градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

fatime tntСЈО за сите тројца споменати во случајот за уривањето на објектот „Космос” во сопственост на бизнисменот и челник на политичката партија ПЕИ, Фијат Цаноски, побара одземање на нивните патни исправи, како и мерка на претпазливост, вклучително и домашен притвор.

Специјалното јавно обвинителство во април годинава го презентираше случајот „ТНТ“ за уривањето на објектот „Космос“ во 2011 година, што го смета за наводна политичка одмазда кон Цаноски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top