| четврток, 6 декември 2018 |

Си одам дома куме, доста е! Манда погребан со песната “Несоница”

manda pogreb

Познатиот српски актер Милорад Мандиќ Манда беше погребан во саботата во Алејата на славните на новите гробишта во Белград до неговите добри пријатели Бата Живоиновиќ и Драган Николиќ кои исто така починаа неодамна.

Манда ненадејно почина на 15 јуни на сцена додека го играше ликот на Капетан Кука, а беше погребан со звуците на неговата омилена песна „Несоница” од ултра популарниот филм во кој глумеше, Ивкова слава. На погребот присуствуваа огромен број неговите пријатели и роднини, како и целата српска актерска елита.

Од Манда се простија Драган Бјелогрлиќ, Никола Којо, Андрија Милошевиќ, Срѓан Тодоровиќ и многу други.

Во Бањалука само еден ден по неговата смрт беше забележан и графит во знак на сеќавањето на починатиот актер. “Идем куме куќи! Доста је…” или во превод „Си одам дома куме, доста е” – стои на графитот, што е добро позната реплика од филмот „Лепа села лепо горе”.

idem kuci manda

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top