
Викендов дури три момчиња го загубија животот капејќи се во реките во Србија. Едно дете се удави на Ада Циганлија во Белград, друго пак на Ада Хуја, а полицијата по долгата потрага вчера го пронајде телото и на третото удавено дете во кањонот на реката Вучјанка кај Лесковац.
Телото на В.Р. (12), било пронајдено вчера наутро на речниот остров Ада Циганлија по цели 15 часа потрага. Денес тој требало да го прослави својот 13. роденден. Момчето имало постар брат кој откако нивните родители ги напуштиле, се преселил во местото Душановац.
– Се удавил откако скокнал од педалинка иако знаеше да плива. Неговиот другар скокнал да го спаси, но не успеал. Денес требаше да го славиме неговиот 13 роденден, но наместо тоа јас отидов во црква да му запалам свеќа и треба да го погребувам. Се уште не знам кога ќе биде погребот, затоа што телото е пренесено на обдукција за да ја отврдат точната причина за смртта. Долго време живеевме сами, а јас како постар се грижев за него, изјавил за Ало.рс братот на удавеното момче.

Освен В.Р. (12), на Ада Циганлија се удавил и Н.М. (14) во саботата кога малку повеќе се оддалечил од брегот. По скокот во реката Вучјаница, животот го изгубил и Ж.Ј. (15) од селото Бунушки чифлик кај Лесковац, кој отишол со другарите да се бањаат за да го прослават запишувањето во средно училиште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Во Белград гласаат 24 македонски државјани, третина излегле до 12 часот
-
Амнестија за периодот на војната, дел од договорот меѓу Косово и Србија


