Поради излез од кризата Грција почна да распродава имоти и објекти во државна сопственост, но и острови. Најнов пример е продажбата на неколку острови во Јонското море.
-Емирот од Катар, шеикот Хамад бин Калифа ал Тани купил шест грчки острови, лоцирани во Јонското Море, пишува лондонски „Гардијан“. Според весникот, Грција на оваа приватна зделка на емирот од Катар гледа како на можност оваа земја во Персискиот Залив, богата со нафта и гас, да помогне во извлекувањето на грчката економија од кризата.
Катар би требало да биде во „пакетот“ од меѓународни инвеститори кои треба да вложат околу една милијарда евра, што би помогнале за спасување на Грција, но и за релаксирање на состојбата во целата еврозона.
Во Грција се верува дека присуството на Катар во новите инвестирања во грчката економија, би можеле да ги повлечат и другите светски финансиери да вложуваат во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција