| четврток, 6 декември 2018 |

Одново ограничен пристапот до метрото во Брисел

brisel

Влезовите на дел од подземните железнички станици во Брисел утрово одново се целосно затворени, по налог на белгиската полиција, соопштија градските власти.

Превозот на патниците во метрото сега е ограничен на минимален број влезно­излезни точки. Движењето на возовите не е попрелено од овие безбедносни мерки, посочуваат белгиските медиуми. Слична мерка беше преземена и во март годинава, непосредно по нападите во белгиската престолнина. Како што јави БТА, бриселските власти повторно пристапуваат кон ваква мерка поради информации за нови терористички напади во Белгија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top