Влезовите на дел од подземните железнички станици во Брисел утрово одново се целосно затворени, по налог на белгиската полиција, соопштија градските власти.
Превозот на патниците во метрото сега е ограничен на минимален број влезноизлезни точки. Движењето на возовите не е попрелено од овие безбедносни мерки, посочуваат белгиските медиуми. Слична мерка беше преземена и во март годинава, непосредно по нападите во белгиската престолнина. Како што јави БТА, бриселските власти повторно пристапуваат кон ваква мерка поради информации за нови терористички напади во Белгија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.