| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на рускиот ансамбл „Рус“

Во рамки на Деновите на духовната култура на Русија во Македонија, на сцената на Македонскиот народен театар концерт се одржа вокално-кореографскиот ансамбл „Рус“ од рускиот град Владимир.

Раководител на ансамблот е Едуард Ахметов, заслужен уметник на Русија.

На репертоарот на ансамблот се ставени нумери кои ја одразуваат богатата традиција на руската музичка култура. Ансамблот „Рус“ е колектив со широк изведувачки дијапазон. Музиката на ансамблот „Рус“ претставува, пред сè, фолклорна основа со елементи на симфонизам и рок.

Ансамблот е мошне познат во Русија и во странство како колектив кој на современ начин на сцената го интерпретира традиционалниот руски фолклор.

Со настанот на ансамблот „Рус“ завршува програмата на Денови на духовна култура на Русија во Македонија организирани од Министерство за култура на Руската Федерација во соработка со Министерството за култура на Република Македонија и со Руската амбасада во Македонија.

Влезот е слободен, а картите се подигнуваат пред настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top