| четврток, 6 декември 2018 |

Неуспешна герила: СДСМ со смислен инцидент сакаше да го расипе роденденот на ВМРО-ДПМНЕ

apsenje

Не успеа обидот на таканаречените „шарени револуционери“ да исценираат инцидент за време на прославата на роденден на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Музејот на ВМРО.

Полицијата спречи еден од активистите на „Шарената револуција“  во обидот пушти транспарент од Камениот мост и со тоа да исценира инцидент.

Според информациите, предводници на групата биле директорот на Паркинзи на општина Центар (ПОЦ) Саша Богдановиќ, истакнатите активисти на шарената револуција Замир Мехмети, Павле Богоевски, синот на актерот Драган Спасов – Дац и други платеници на СОРОС.

Тие се обидоа да направат инцидент и да ја испровоцираат полицијата која ги спречи. Целата случка се одвиваше на другата страна од Вардар, спроти музејот на ВМРО каде лидерот на владејачката партија Никола Груевски имаше свое обраќање по повод 26 роденден на партијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top