Колегите и пријателите на српскиот актер Милорад Мандиќ Манда кој ненадејно почина во 55-тата година од животот, решија да му помогнат на неговото семејство и да го отплатат станбениот кредит во износ од 85.000 швајцарски Франци, пренесуваат српските медиуми.Всушност токму овој долг му претставуваше најголем товар на славниот актер, поради кој трпеше и неговото здравје.
Оваа акција ја покрена Драган Бјелогрлиќ, а тој не сака овој товар да падне на плеќите на сопругата на Манда, па заедно со колегите ќе отплати се што не покрива осигурувањето, пишува „Информер“.
-Точно е. Тоа ќе биде решено. Луѓето се јавуваат да помогнат. Човекот што собра над милион евра за театарпт остана должен за својот кредит. Нема многу такви луѓе – вели Бјела.
Меѓу првите кон оваа акција се приклучи и режисерот Милан Караџиќ.
-Драган Бјелогрлиќ како негов кум и јас како близок соработник сакаме финансиски да им помогнеме на Ања и Андрија. Манда зад себе ја остави сопругата и детето со кредит за стан што со својата макотрпна работа го отплаќал. Анастасија тешко ќе успее во тоа сега кога го нема. Бјела е мотор на целиот проект, а ќе ни се приклучат уште колеги. Најверојтно ќе освоваме Фонд што ќе биде транспаренетн – вели Караџиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.